Во околината на Кондово, скопско горат трева и грмушки, а пожарот веќе е навлезен и во боровата шума, информира денеска Центарот за управување со кризи.
Пожарникарите немаат пристап до огнот со нивните противпожарни возила, но се распоредени на позиција од која можат да ги заштитат куќите.
Од ЦУК соопштија дека утрово веќе полета еден хеликоптер на МВР да гасне и тој веќе дејствува, а истовремено според извидувањето од воздух ќе биде проценето дали ќе се дејствува и со други воздухоплови иако пожарникарите од земја го ставија утрово под контрола и нема загрозени населени места.
– Конкретно, пожарот, вчера во 14.17 часот е пријавен, а пожарникарите од БППЗ на Град Скопје беа веднаш излезени и дејствуваа на терен со две возила и пет пожарникари. Попладне, по проширувањето на пожарот околу 16.35 часот, е побарана воздушна поддршка, но во тој момент повеќе немаше дежурни хеликоптери во МВР ниту противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС. Пожарникарите беа на терен, а по полноќ, во 01:25 минути, директорот на ЦУК, Ангелов информираше дека се уште горат трева и грмушки, во секој момент се очекувало вечерта огнот да навлезе и во борова шума. Пожарникарите немаа пристап до огнот со нивните противпожарни возила, но беа распоредени на позиција од којашто можеа да ги заштитат куќите. Инаку четири екипи на БППЗ се уште се на терен и работат на гаснење на пожарот. Нема загрозени населени места. Инаку, пожарот е утрово под делумна контрола, па по дејството на ангажираниот хеликоптер и неговото извидување ќе се процени дали има потреба од ангажирање и други хеликоптери, додаваат од ЦУК.