Се скарале па му извадил пиштол, тепачка во кафеана во Илинден

Се скарале па му извадил пиштол, тепачка во кафеана во Илинден, информира МВР

– Денеска (23.12.2023) во 01.35 часот од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени И.М.(29) од Скопје, Т.С.(32) од с.Штрбово-ресенско и С.К.(28) од с.Орешани-скопско поради тоа што во угостителски објект во населбата Илинден, како што е пријавено, по претходна расправија помеѓу И.М. кој бил заедно со Т.С. од една страна и К.К.(29) од Скопје кој бил заедно со С.К. од друга страна, К.К. со остар предмет замавнал кон И.М. по што И.М. извадил пиштол, а потоа С.К. физички го нападнал И.М, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПоради градежни активности, утре затворен за сообраќај мостот „Беласица“
Следна вестМакедонската партија во Албанија бара проширување на истрагата за лажните потврди за бугарско потекло