Се средуваат патеките во Градскиот парк, ќе дојде ли редот на зеленилото?

Главниот градски парк се потсредува. За ова сега се задолжени екипи на ЈП „Улици и патишта“ кои продолжуваат со активности за реконструкција и санација на пешачките патеки.

Вкупната површина на патеките е од 18.000 квадратни метри. Во рамките на овие активности по налог од Град Скопје, дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.

Добро е што тоа се прави. Да се надеваме дека Град Скопје ќе го среди и збогати и зеленилото во паркот. Секако, треба да се подобри и чистењето на езерцата.

Од Градот Скопје уверуваат дека продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на нови зелени појаси низ населените места во Скопје.

Претходна вестЗошто е добро да се биде граѓански активист?
Следна вестПолициските униформи стануваат двојазични, реакциите се на повеќе јазици…