Се степале за паркинг место во Мичурин

Двајца скопјани синоќа се степале околу паркинг место во скопската населба Мичурин, информира денеска полицијата.

Во информацијата се наведува дека кавгата избувнала меѓу 46-годишниот Г.В. и 56-годишниот Р.К. од Скопје на паркингот на улицата „Венјамин Мачурковски“ во Општина Аеродром.

-Случајот бил пријавен синоќа во 21.30 часот и направени биле записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Не е наведено во полицискиот билтен дали некој од учесниците во тепачката е повреден.

Претходна вестКамион полн со 142 мигранти не сакал да застане на полициска контрола
Следна вестАко со затворени граници влегоа речиси 900 мигранти, што ќе биде кога ќе се отвориме?