Ако со затворени граници влегоа речиси 900 мигранти, што ќе биде кога ќе се отвориме?

Речиси 900 илегални мигранти се откриени за само десеттина дена. Поточно станува збор за 878 лица фатени од почетокот на месецот. Со други зборови нема ден, а да не бидат „уловени“ во обид да преминат во Македонија или веќе „шпартаат“ по неа, а потоа си ја пробаат среќата на сличен начин да продолжат кон ветените земји на Запад.

Несомнено оваа бројка е сериозен успех на македонската полиција да ги фати и спречи илегалните намери. Но, истовремено го предизвикува и исто толку сериозното прашање, ако ова е бројката на фатени, тогаш кој знае колку многу веќе се наоѓаат внатре, кои успеале да поминат и никој не ги фатил? Каде се сега?

Ова прашање е една од главните теми на социјалните мрежи, а дилемите кај јавноста одат до таму, што некои од луѓето дури и се сомневаат дека зад секојдневното држење на вниманието на граѓаните со корона-бројки, всушност се кријат разни други планови што некој ги спроведува…

– Кој знае што се прават додека нашето внимание е 24/7 окупирано со бројки на мртви и заразени?! – вели А.М. на Фејсбук.

– Речиси 900 илегални мигранти?!? Па толку за време на мигрантската криза не „ловеа“?! Ако толку многу се фатени сега додека се границите затворени, којзнае колку не се фатени, а и колку ќе влезат кога ќе се отворат границите? – коментира И.С. на својот профил на истата мрежа.

Надлежните уверуваат дека се е под контрола, но изненадувачки големите бројки на илегални мигранти и натаму не оставаат граѓаните да бидат рамнодушни и да веруваат дека се е под контрола.

Претходна вестСе степале за паркинг место во Мичурин
Следна вестРаспишан е конкурс за наградата „Рациново признание“, трае до 1 август