Се судрија два автомобили кај Миравци, од едниот по ударот излегле мигранти – полицијата на терен

Вчера на автопатот Демир Капија – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полицијата го приведе Т.П.(38) од Скопје затоа што со возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки превезувал пет лица мигранти од Народна Република Кина.

-Околу 13.10 часот било пријавено дека во близина на клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(70) од Валандово и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П., од кое по незгодата излегле мигрантите, објави МВР.

Со телесни повреди се здобиле возачот Р.Д. и Ѓ.М., сопатник во неговото возило, констатирани во Општа болница Гевгелија. Полициски службеници на местото го затекнале Т.П., а по пребарување на теренот ги пронашле мигрантите, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле и престојувале во државата. Т.П. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПортпаролката на Навални тврди: Неговото тело не е во мртовечницата
Следна вестЕвропскиот закон за дигитални услуги стапи на сила за сите онлајн платформи во ЕУ