Портпаролката на Навални тврди: Неговото тело не е во мртовечницата

Тимот на Алексеј Навални објави дека неговото тело не е во мртовечницата каде што надлежните рекле дека го чуваат.

Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист и политичар, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој одлежувал казна, но таа била затворена, пренесе „Би-би-си“.

Во објава, Џармиш вели дека и двајцата биле уверувани оти неговото тело е таму од страна на казнената колонија.

-Адвокатот се јави на телефонскиот број на вратата. Му рекоа дека е седмиот што се јавил денеска. Телото на Алексеј не е во мртовечница, рече таа.

На 16 февруари Федералниот оддел за поправни служби на автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални (47) во казнената колонија каде што ја издржуваше казната.

Според ова одделение, Навални по прошетката се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Претходна вестДоктори во Словенија оперирале рак на пациент кој го нема, ги помешале резултатите од тестовите на две лице
Следна вестСе судрија два автомобили кај Миравци, од едниот по ударот излегле мигранти – полицијата на терен