Се судрија мотоцикл и автомобил во Струмица, едно лице е тешко повредено

Вчера во Струмица, на крстосница од кружен тек од улицата Климент Охридски“ и булеварот Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „томос“, управуван од Р.Б.(58) од с.Вељуса и патничко возило „мерцедес Е220“, управувано од С.Ѓ.(70) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Претходна вестСкопје заробено од ѓубре: Нема празен контејнер, но има расфрлан отпад и смрдеа низ цела Партизанска
Следна вестПолициски контроли во повеќе угостителски објекти, изречени казни за познати скопски кафе-барови