Сѐ уште гори кај Тажево и Јасен

Вкупно 22 пожари се регистрирани во последното деноноќие од кои 2 се сѐ уште активни, информираа претпладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците на ЦУК, активен е пожарот во Општина Македонски Брод кај селото Тажево, на кракот што води кон село Белице и кон Националниот парк Јасен. Гори борова шума. Вториот регистриран активен пожар е во Општина Липково кај селото Метејче каде гори ниска вегетација и деградирана шума.

Како што информираат од ЦУК под контрола се два пожари во Општина Штип. Првиот е кај армискиот полигон Криволак, пожар кој се шири кон селата Црешка и Пенуш и каде гори ниска вегетација и вториот е помеѓу селата Селце и Драгоево каде гори мешана шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 18 пожари.

Претходна вестСе уредува дворот на црквата „Свети Константин и Елена“, ќе се тргнат ли наскоро тарабите од улица „Македонија“
Следна вестЕвакуирани три девојки кои се соочиле со крдо диви свињи на Водно