Се возеле со марихуана, кокаин и хероин: Двајца браќа кумановци уапсени за дрога

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(48) и Ј.М.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола во возило, во кое се превезувале пријавените, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево пронашле и одзеле марихуана, кокаин и хероин.

Претходна вестМлада девојка со автомобил излета од патот кај Кочани
Следна вестКривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување