Се заоструваат мерките: Во кафеани само со две дози вакцина

Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица што примиле само една доза од вакцината за заштита од Ковид-19. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува по оставањето доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.

-Експертите за имунизација имаат работни состаноци и во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза, рече министерот Филипче.

Целта на ваквото заострување на мерките министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакцинираат.

Мерката само вакцинирани со барем една доза да може да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи во сила на 16 август.

Претходна вестОд утре повеќе автобуси низ Скопје поради почетокот на учебната година
Следна вестПожар на Галичица, има закана за заштитената зона, засега само се следи