Се запали куќа во Скопје, жена и двајца малолетници пренесени во болница

Жена и двајца малолетници вчера се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако вдишале чад во пожарот кој зафатил куќа на улицата „Панче Неделковски“. Опожарена била една соба од куќата.

– На 18.03.2023 во 13.46 часот било пријавено дека на ул.„Панче Неделковски“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Р.(43) од Скопје, при што опожарена била една соба. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а едно женско лице и двајца малолетници поради вдишување на чад биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштенетио од Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестПожар избувна во една од галиите во Вардар
Следна вестПМФЛ: Шкендија рутински до победа против Скопје