Се запали „мерцедес“ во движење, нема повредени

Вчера во 10.15 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на експресниот пат А3 и индустриски дел во Кочани настанал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ во движење, управувано од 61-годишниот Д.С. од Кочани, извести МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема, соопшти МВР.

Извршен бил увид.

Претходна вестАА бара разрешување на министерот за здравство и министерот за информатичко општество
Следна вестАлиу и Меџити: Очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но оставка од нас нема да има