Седлоски и Милоевиќ кандидати за позицијата македонски селектор

По шпекулациите дека Управниот одбор на ФФМ се подготвува да го смени селекторот на А-репрезентацијата, Благоја Милевски по катастрофалниот пораз од 7:0 од Англија, почна да се лицитира со имињата на неговата потенцијална замена.

Главни кандидати за позицијата се Гоце Седлоски, поранешниот капитен на репрезентацијата и поранешен тренер на Вардар и Шкупи, како и српскиот тренер, Владан Милоевиќ поранешниот тренер на Црвена звезда, АПОЕЛ, АЕК Атина и Ал-Ахли.

Засега од ФФМ не потврдуваат дали ќе се разгледува работата на селекторот Милевски на состаноот н УО.

Во следниот меч од квалификциите за Европското првенство, Македонија ја пречекува Италија дома на 9 септември.

Претходна вестЗлатен медал за Дамјан Давков, сребрен за Алексиј Тасиќ, бронзи за Никола Цветаноски и Никола Спировски на Интернационална математичка олимпијада во Јапонија
Следна вестМајка ги напуштила сопствените деца: кривична пријава за кумановка