Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство

Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.

Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.

Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Претходна вестНиз државава се вози по претежно влажни коловози
Следна вестДетали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)