Седум илјади пати телефонски ги навредувал полицијата и Брзата помош, сега ќе лежи затвор

Роџер Џексон пензионерот од Велика Британија, заработи 39 месеци затвор откако повеќе од седум илјади пати телефонски ги вознемирувал вработените во полиција и Брза помош. Од Полициската станица во Сасекс и Службата за Брза помош изјавиле дека пензионерот тоа го практикувал неколку години.

– Се проценува дека Роџер потрошил повеќе од 400 часа на повици. Тој бил повеќе пати предупредуван да престане пред да биде приведен. Фреквенцијата на неговите повици имаше ефект да го спречи оперативниот центар да обезбеди услуга за јавноста на која навистина и требаше полициска помош, изјави Сара-Луиз Глендон, портпаролка на полицијата.

Нејтан Данер пак, вработен во амбулантата на Југоисточниот брег, изјави дека само еден непотребен повик е доволен за да се доведат во опасност животите на другите луѓе.

Откако ја призна вината, пензионерот Роџер е осуден на 39 месеци затвор.

Претходна вестМоже па нивните деца навистина се најталентирани?
Следна вестНаселението се постаро:  Просечната возраст во Македонија е 41,1 години, пред десет години беше 36,4