Седум лица, меѓу кои две деца се затруле во хотел на брегот на Охридското Езеро

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница во Охрид поради знаци на труење со хлор. Полицијата соопшти дека синоќа добила пријава дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Претходна вестПаника во Србија: Се прави контрола на чаеви
Следна вестЕдна од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото на кратко, доколку експлодира би можела силно да свети неколку недели