Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Вкупно седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила денеска околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар.

Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

-Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.

 

Претходна вестСо нож и се заканил на вработената па украл сеф од филијала за брзи кредити во Карпош
Следна вестВечерва се доделуваат Оскарите: Најмногу номинации за „Опенхајмер“ и „Сиромашни работи“