Со нож и се заканил на вработената па украл сеф од филијала за брзи кредити во Карпош

Украден е сеф од филијала за брзи кредити во скопската општина Карпош, информриа полицијата.

-На 08.03.2024 во 14:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Карпош во Скопје едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело сеф, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестЗавршувањето на браната „Конско“ на едно место ги собра Пендаровски, Ковачевски, Заев…
Следна вестСедум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар