Седум починати и 342 нови заразени во 24 часа

Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037, од кои 3.826 во Скопје.
Претходна вестГерасимовски ги слушна жителите на „Мирослав Крлежа“ – улицата ќе биде според нивните потреби
Следна вестОрбан дава отпор на обидот ЕУ да се меша во унгарското воспитување на децата