Седуммина уапсени во Велес поради поседување и продавање дрога

Вкупно седум лица се приведени вчера во Велес поради поседување дрога, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 08.03.2024 полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Велес ги лишиле од слобода К.Ѓ.(22), Л.Б.(19), В.М.(31), Љ.В.(37), М.Ѓ.(29), И.В.(32) и Љ.О.(25) сите од Велес.

-Кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а И.В. и Љ.О. биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во информацијата.

Претходна вестПетровска: МО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина
Следна вестСе реконструира дел од водоводната мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба