Се реконструира дел од водоводната мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба

Увид на градежните работи на реконструкција на водоводна мрежа на ул.„Антон Попов“ во општината Гази Баба, денеска изврши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“.

-Со изведбата на водоводни приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, се навеудва во соопштението.

Се додава дека изведбата на приклучокот преставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Претходна вестСедуммина уапсени во Велес поради поседување и продавање дрога
Следна вестПродолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука во Охрид