Возење без возачка дозвола и натаму е честа појава на скопските сообраќајници. Тоа го покажува и полицискиот извештај за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Вкупно 17 лица се затекнати зад воланот а притоа да немале положено возачки испит. Ова уште еднаш потврдува дека секојдневно е голем ризик по безбедноста во сообраќајот на скопските сообраќајници.
Инаку, вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции.
-Имало и три санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.