Имало цел кластер на дојавувачи на бомби, им се вештачат мобилните телефони

Цел кластер на лица столе зад дојавите за подметнати бомби по училиштата и другите објекти. Ова утринава го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при гостувањето на утринската емисија на МТВ.

-Лоциравме цел еден кластер на лица. Се повикани на разговори во полициски станици и одземени се нивните мобилни телефони и се продолжува на обезбедување докази при нивното вештачење. Сметаме дека овој кластер ги прави овие дојави во повеќе училишта – секако дека постојат и други, кажа Спасовски.

Министерот не можеше да открие повеќе детали за возраста на осомничените лица.

Тој пре днеколку дена рече дека набрзо група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти.

-Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на ВПН адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам, рече Спасовски.

Претходна вестСедумнаесет лица возеле без дозвола, шестмина поминале на црвено…
Следна вестПриведен 37-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдена тегла со марихуана