Седумнаесетгодишно момче загина со мотор на патот Кочани – Зрновци

Седумнаесетгодишно момче од штипското село Зрновци загина кога со мотор излета од патот Кочани – Зрновци. Сообраќајната несреќа се случила ноќеска во близина на местото наречено Дива Топола.

В. А. итно бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што им подлегнал на повредите.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

Претходна вестГрчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза
Следна вестНајнова информација: Мијалков се сретнал со претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски