Најнова информација: Мијалков се сретнал со претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски

Поранешниот прв човек на УБК и член на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков ги интензивирал разговорите со поранешни сопартијци на високи функции, дознава 24 Инфо.

Мијалков денеска на Фејсбук му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека Мијалков ме седи во скут на Заев и одработува за него.

-Три години не сум во раководните структури на партијата. Не учествував во изготвување на програмата, а уште помалку во изборот на кадровските решенија. Мицкоски може да лаже колку сака, но вината за поразот е каj него. За Заев одработува тој што ја водеше партијата во порази. За Заев одработувa тој што го троши времето и медиумскиот простор за пресметка со сопартијци наместо да составува влада, напиша меѓудругото Мијалков, кој повтори дека Мицкоски мора да се повлече од лидерската позиција.

Како што дознава 24 Инфо, имало интензивни состаноци на Мијалков со сите стари претседатели на општинските комитети на Град Скопје, стариот претседател на Град Скопје и претседателите на општинските комитети низ целата земја.

И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави активности за преземање на водството на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСедумнаесетгодишно момче загина со мотор на патот Кочани – Зрновци
Следна вестМуцунски му порача на Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за да се преземе