Сега ни е полесно: Вархеји потврди дека планот на ЕУ за Западен Балкан е амбициозен

Од време – на време ЕУ праќа охрабрувачки пораки за Западен Балкан. Ќе ни кажат дека сакаат проширување со нови членки и ќе си завршат работа. На нас останува да чекаме тоа да се случи.

Еве, сега дочекавме да има и самит Западен Балкан – ЕУ, што денеска се одржува во Тирана. Планот за раст на Западниот Балкан усвоен од Европската комисија, е една од главните теми на големиот состанок. Нормално, таму е и техничкиот премиер Талат Џафери.

На локалниве лидери им се обрати ЕУ комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји и изјави дека планот за раст е амбициозен и оти предвидува двојно зголемување на средствата за Западен Балкан.

– Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, која мора да ги понуди сите придобивки од членството. Остана половина од времето за спроведување овој план, затоа регионот ќе треба брзо да напредува за да ги заврши реформите. Мора да ги примените правилата на ЕУ. Може да станете дел од европскиот пазар и пред да станете член на ЕУ, рече Вархеји, јави Ора њуз.

Според истиот извор, Планот на ЕУ предвидува забрзано спроведување на потребните рефорни, зголемување на инвестиции, што ќе може да го унапреди процесот на проширување на ЕУ со овие земји.

Не е познато дали станало збор околу тоа – какви дополнителни услови ќе има за одредени земји кои сакаат во ЕУ.

Претходна вестЗагрижени сме за Османи кој рече дека секој месец едвај врзува крај со крај: УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР
Следна вестСкандалозно: „Вие не сте Македонци, туку словени, Македонија е грчка“ – залепија Грците врз новите налепници