Скандалозно: „Вие не сте Македонци, туку словени, Македонија е грчка“ – залепија Грците врз новите налепници

Додека траат проблемите и голготите на македонските граѓани изминативе месеци околу издавањето на лични документи со ,,Северна”, за да им се угоди на соседна Грција, таму во соседната земја некои сѐ уште не се задоволни што сменивме име, регистарски таблички… Имено, за што сведочи денешниот скандал кој се случил на македонски граѓанин.

Со сина принаправена налепница покриена е ознаката „НМК“ на регистарска табличка на автомобил од Скопје.

Над сината лента со ознака „НМК“ на регистерската табличка, непознат сторител залепил налепница со скандалозна порака: „Вие не сте Македонци, Македонија е грчка“. Дури авторот си дава за слобода да кажува и што сме ние.

Фотографијата од вака сквернавената регистарска табличка е споделена на Фејсбук. Не е познато како на овој голем скандал ќе реагира министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и други високи функционери во Владата. Па нели имаме договори за добрососедство и ние ги исполивме и најтешките обврски?

Претходна вестСега ни е полесно: Вархеји потврди дека планот на ЕУ за Западен Балкан е амбициозен
Следна вестЃорческа не ја мина втората „пречка“ во Трнава