Секое второ дете во скопските градинки не е вакцинирано со ди-те-пер вакцина

Согласно првичните информации, речиси 50 отсто од децата во Скопје се невакцинирани со ди-те-пер или се нецелосно вакцинирании, истакна директорката на ДСЗИ, Рената Младеновскa. На прес-конференцијата таа зборуваше по вчерашните контроли на Државниот санитарен здравствен инспекторат по градинките и издадени решенија со забрана за прием на невакцинирани деца со ди-те-пер вакцината (дифтерија-тетанус-пертусис) која ги штити децата од голема кашлица.

-Лично сметам дека е поразителен факт за општеството. Бројките ги извлековме од списоците со деца од градинките, оваа акција ќе продолжи, директорите на детските градинки дадоа уверување дека ќе ја политуваат мерката, нагласи Младеновска.

Имало реакции од родители дека вакцинирано дете требало да седи дома 20 дена, како и реакции од родители чии деца биле вратени од градинка иако имале закажно вакцинирање.

– Неточна е мерката дека деца треба да се седат дома. Ние започнавме да вршиме инспекциски надзор во внатрешноста на земјата, од првичните информации во другите градови имаме покриеност со имунизација со ди-те-пер од скоро 95 отсто. Родителите се одговорни и го почитуваат редовниот календар за имунизација, очигледно проблемот е во Скопје, рече Младеновска.

Укажа дека освен градинките, ќе бидат казнувани и одговорните лица, доколку биде затекнато дете кое е невакцинирано.

Претходна вестКовачевски и се наврте на просечната плата, ќе ја прави 1000 евра, уште да каже како…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ ја заборави ли контроверзната реформа на Царовска?