Секој може да се вакцинира со трета доза, ќе биде “Фајзер“

Трета доза вакцина против ковид-19 ќе стане достапна за сите граѓани. Националниот комитет за имунизација ја прошири препораката и наместо за трите категории граѓани за кој беше препорачана, „засилувачка“ доза ќе може да добијат и останатите лица, без разлика на возраста, без разлика на тоа дали имаат или не хронични болести, а се во значаен ризик да заболат од ковид-19 заради фреквентните контакти, типот на работа и работното место.

Првичната препорака беше трета доза да примаат сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Третата доза ќе биде од производителот „Фајзер“, а од Националниот комитет за имунизација велат дека се покажала ефикасна и кај оние кои примиле „Астра Зенека“, но кај тие што се вакцинирани со кинеските вакцини.

 

Претходна вестПрофесор, сликар, актерка и политиколог – објавени добитницитте на нагрдата „11 Октомври“
Следна вестОваа или следната недела почнува проверката на учениците – за тестирање ќе се бара согласност од родителите