Секој осми казнет возач возел без дозвола

Возењето без возачка дозвола станува се почест сообраќаен прекршок кај скопските возачи. Тоа го покажа и вчерашната акциска контрола на скопското подрачје.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестБез струја делови на Гази Баба, Центар и Сарај
Следна вестКриза е: Државните функционери ќе честат за 50 проценти помалку