Криза е: Државните функционери ќе честат за 50 проценти помалку

Одлукa со коja буџeтските корисници се обврзуваат на штедење, донесе Владата на вчерашната седница. Во владиното соопштение се наведува дека тоа се антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор.

-Сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата, се наведува во соопштението

Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.

-Сите буџетски корисници и единки корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство. Јавните претпријатија и АД во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15% и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена, се наведува во одуката.

Претходна вестСекој осми казнет возач возел без дозвола
Следна вестИспловија ли по Вардар 12,7 милиона евра од Градската куќа?