Секој трет возел пребрзо, 10 немале дозвола.. казнети 247 возачи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли.

Имало и 10 мерки за возење без возачка дозвола и 15 санкции за непрописно престројување на возила.

-Изречени се седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас…, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Се апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Претходна вестMакедонија ќе игра на ЕП во ракомет на плажа во Португалија!
Следна вестСе нуди бесплатен одмор во Финска за луѓе да научат како да бидат среќни