Вкупно 163 возачи вчера се санкционирани поради најразлични сообраќајни прекршоци направени по скопските сообраќајници.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 75 санкции, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за некористење сигурносен појас и 33 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти денеска МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.