Секојдневие во Скопје: 45 лица возеле без возачка, 43 возила биле нерегистрирани…

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, соопшти денеска МВР/

-Изречени се 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Претходна вестМала облачност и магла по котлините
Следна вестДали зградата на ЕСМ каде барокот е сопрен ќе биде ново седиште на Град Скопје?