Села го „потсети“ Гаши дека со преговорите за во Влада го крши нивниот коалициски договор

Алијанса за Албанците бара од Алтернатива да ги разјасни своите позиции во однос на меѓусебниот потпишан договор за коалиција во кој, како што велат од партијата на Села има критериуми и временски рокови на коалицијата, кои партијата на Гаши, како што велат три пати ги прекршува.

-Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: ‘Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори’. Следствено, Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата, велат од Алијанса во соопштението објавено вечерва.

Од Алијанса за Албанците бараат одговор од Алтернатива дали овој Договор е се уште валиден.

-Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се вели во соопштението.

Претходна вестЕм му го удриле паркираното возило, ем го натепале
Следна вестРодители бараат помош од МАНУ и од партиите заради игнорантскиот однос од Заев и Царовска