Села и Гаши за одложувањето на пописот: Не може, овој филм сме го гледале веќе

Алијанса на Албанците и Алтернатива не се согласуваат со одложување на пописот што беше договорено на вчерашната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ќе направат се тоа да не се случи.

Лидерите на двете партии Зијадин Села и Африм Гаши на денешната прес-конференција најавија дека ќе го искоистат бадентеровиот принцип да го блокираат одложувањето на пописот.

-Од вчерашната средба има една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Заев и Мицкоски се договараа како никој друг да не постои во оваа држава, пто е лошо за институциите и за таа мала демократска култура, рече.

За Села ова е веќе виден филм:

-Како и во 2011 година со Груевски Ахемти сега тоа го прави со Заев. Ова е само втора епизода од ист филм.

Тој оцени дека прекинување на веќе почнат попис е кршење на законите и ќе бараат одговорност за тоа.

Претходна вестЗемјотрес пак го тресеше дебарско-мавровскиот регион
Следна вестНека го намалат бројот на советниците кога веќе менуваат правила за локални избори