Семејство со две деца заглавено во снег во Леуново

Семејство со две мали деца било заглавено во снегот на патот пред хотел Радика, во близина на село Леуново.

Спасувачките екипи веднаш реагирале по пријавата на инцидентот, околу 11часот и 43 минути.

Поради обилните снежни врнежи и големата висина на снежната покривка, која достигнала околу 80 сантиметри, состојбата на патот била отежната.

Истата област била веќе подготвена за интервенција по друг пријавен инцидент во 10:21 часот, кога ТППЕ Гостивар добила пријава за заглавени лица во снегот кај село Леуново.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на патот кај Мавровско Езеро имало паднати дрвја, што дополнително го отежнувало расчистувањето.

Според информациите семејството е безбедно и се наоѓа пред хотел Радика додека чека да се расчисти патот за да може да го напушти местото.

Од ЦУК препорачуваат внимателност и заштита при движењето во овие подрачја.

Претходна вестДосега приведени 17 лица за инцидентите на прославата на Денот на албанското знаме
Следна вестВЛЕН: Луѓе блиски до ДУИ и Артан инволвирани во инцидентите со знамињата