Семејството и јавноста чекаат одговор од што почина 6-годишната Јана од битолското село Кравари

Вонредни инспекциски надзори денеска се вршат во битолската болница за да се утврдат причините за смртта на смртта на шестгодишната Јана од битолското село Кравари. Надлежните изнспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја прибираат сета потребна документација и изјави на медицинските лица. Од Јавното обвинителство, пак, денеска информираат дека Основното јавно обвинителство Битола издало наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки и дека се уште не е утврдена причината за смртта на девојчето.

Таа вчера почина на Детското одделение во Клиничката болница во Битола, откако претходно примило инфузија. Неколку дена претходно малата Јана имала симптоми на блага настинка, малку покачена температура и болки во мускулите. Но, поради отоците на очните капци кои ги имала и пред неколку месеци, родителите вчераутро ја однеле прво на матичен лекар, кој не бил на смена, а потоа во болница. По прегледот од дежурниот лекар биле упатени во лабораторија за аналзи на крв, а додека се чекаа резултатите, девојчето примало инфузија.

Потоа здравствената сосотојба на девојчето почнала да се влошува и биле повикани и лекари анестезиолози, додека родителите преку стаклото во Детското одделение ги гледале обидите да се спаси нивната ќерка. Од битолската болница потврдуваат дека девојчето кај нив беше од 10 до 14 часот, кога почина при реанимација на Одделението за интензивна нега. На нивно барање телото на малото девојче е предадено на обдукција, а за овој случај е известен и обвинител.

Таткото Стојче Христовски вчера изјави дека Јана починала зашто лекарите и дале гликоза после што и се крена шеќерот на 19.

-Температура немаше кога ја однесовме во болница, туку само претходниот ден па и дадовме сируп, и падна температурата. Ноќта си спиеше. Наредниот ден, матичниот лекар бил втора смена па ја однесовме сабајлето во болница. Отидовме во амбуланта на детско одделение. Шеќерот и го мереа и беше 9 иако нема дијабетес. Рекоа дека од што повратила, шеќерот и се качил на 9. Во меѓувреме и дадоа гликоза. И рековме на докторката дека шеќерот и е 9, таа рече „нема гајле“. Па и дадоа една инфузија чиста гликоза. Откако истече инфузијата, Јана почна да се губи. Сите тие испаничија. Пробаа да и дадат уште една доза гликоза, ама не успеаа да ја доосвежат. Пукаа вените, 19-ка и беше шеќерот после првата инфузија. Таа почна да се губи, па викнаа и анастезиолог, и даваа електрошокови. Не можеа да ја повратат, после ни рекоа дека починала, изјави тој.

За случајот денеска во Министертсвото за здрваство треба да реферира и Александар Обедниковски, директор на болницата. Тој вчера изјави дека на детето не му се дадени лекарства туку само инфузија за рехидрирање.

-Детето беше донесено во општата болница Битола во 10 часот наутро. Третирано е тука за рехидрирање. Додека се чекаат резултатите, му се слошило и направена е реанимација. За жал, таа не била успешна. Телото на детето е дадено на обдукција. Дошло со повраќање, покачена температура и оток на очите и било 2 дена дома третирано. Нема кај нас дадено никаков лек проверивме, туку само инфузија за рехидрирање, рече тој.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека инспекциски служби се на терен

-Постапивме штом слушнавме. Таму веќе се инспекциските служби и кога ќе имаме информации ќе ги објавиме. Со семејството не сме контактирале, ќе го контактираме наскоро. Во текот на денот чекаме да пристигне директорот Александар Обедниковски, рече министерот Меџити.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе има и санкции таму каде што ќе се утврди дека е потребно.

-Информирано е Јавното Обвинителство. Сите детали ќе се споделат со јавноста. Треба врз основа на факти да се утврди објективната состојба и врз основа на тие факти да се направат соодветни санкции таму каде што ќе биде потребно, истакна Ковачевски.

Претходна вестМакрон го криеше часовникот од 80 илјади евра додека зборуваше за злоупотреба на социјална помош
Следна вестВработените од култура на протест: Не може за иста позиција разликата во плата да биде 10.000 денари