Сензација: Вардар загуби од Е. Пелистер 2!

Вардар неочекувано се враќа без бодови од Битола, откако вечерва загуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер со 27:26.

Домаќините со помош на публиката одиграа одличен натпревар, на полувреме водеа со 14:11, а слична предност имаше и во вториот дел.

Очекувано, тоа не го откажа Вардар, актуелниот шампион стигна до израмнување и обезбеди неизвесна завршница, но Еурофарм Пелистер 2 се снајде подобро во последните напади и ги освои бодовите.

Атанасијевиќ и Георгиевски со по 6 голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2, односно Вардар.

Со ваквиот епилог во Битола, Вардар ја загуби предноста на табелата во однос на Еурофарм Пелистер, па двете екипи се израмнети на првото место на табелата.

Претходна вестОграбена аптека на Бит Пазар
Следна вестАко ги задоволиме очекувањата на домашните туристи, полесно ќе е и со странските