Серија земјотреси во околината на Неапол

Серија послаби земјотреси се забележани во текот на ноќта во Италија, во околината на Неапол.

Магнитудата на земјотресот со епицентар во Кампа Флегреј бил меѓу 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала, пренесува Анса.

Како што е наведено на веб-страницата на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, регистрирани се пет земјотреси кои се случиле помеѓу 3.52 и 4.17 часот по локално време.

Нема извештаи за материјална штета.

Претходна вестФизички нападната данската премиерка
Следна вестМатурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, англискиот јазик најпривлечен