Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута,кога изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.