Шанса за Центар: Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата

Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план, предупреди денеска граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Ова иницијатива којашто има тројца советници во Советот на општина Центар наведѕва дека денеска во дневните весници се појави ново известување од Општина Центар дека е издадена нова градежна дозвола за локација.

-Тоа значи дека обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план за кој Шанса за Центар многупати укажуваше дека е незаконски. А градоначалникот, кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот. Потенцираат од Шанса за Центар во објавата на Фејсбук.

За нив ова не е изненадување.

-Ова е сосема очекувано, ако се има предвид дека иако обвинителството уште се нема произнесено, самиот премиер присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за втората зграда, се наведува во објавата.

Претходна вестАнглискиот селектор претпазлив: Верувале или не Англија никогаш ја нема победено Македонија на домашен терен
Следна вестМилошоски: Не бараме некој министер да ни го раскажува договорот, го бараме на увид, 10 дена