Темен режим Режим на светлина

Англискиот селектор претпазлив: Верувале или не Англија никогаш ја нема победено Македонија на домашен терен

Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт е претпазлив за претстојниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Англија и Македонија. Тој нагласува дека Англија е фаворит на натпреварот, но сепак како што вели нема простор за опуштање.

– Верувале или не, Англија никогаш ја нема победено Македонија на домашен терен. Исто така, Македонија ја исфрли Италија во баражот за Светското првенство и нема простор за опуштање. Мора да пристапиме со вистински менталитет и да играме на највисоко ниво против нив. Истото важи и за Малта, посочи англискиот селектор.

Потсети дека Македонија има две реми средби на гостувањата кај Англија, (2:2 и 0:0).

Квалификацискиот натпревар меѓу Англија и Македонија се игра на 19-ти јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Kумот на Вештачката Интелегенција: Опасно е, ова нешто може да стане попаметно од луѓето

Следна објава

Шанса за Центар: Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата