Шеснаесетгодишник прободен со нож во Чаир

148

Нападнат малолетник со нож во Скопје. Имено, со повреди се здобило шеснаесетгодишно момче во инцидент што се случил синоќа во скопската општина Чаир.

МВР соопшти дека малолетникот бил прободен со нож по претходна расправија со две лица во близина на фонтаната во паркот.

-Поврденото момче по инцидентот било донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестБелград: Протести и судир со специјалците по најавата за нов полициски час
Следна вестТешко повреден пешак на „Партизанска“, побегнал возачот кој го удрил