Шестмина починати, 63 инфицирани и 573 оздравени од корона вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 37,Куманово 4,Тетово 1,Гостивар 1,Штип 2,Битола 1,Велес 1,Охрид 2,Кавадарци 5,Струга 1,Свети Николе 1,Крива Паланка 1,Берово 2,Делчево 1,Пробиштип 1,Кратово 1 и Пехчево 1.

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199, информира Министерството за здравство.

Претходна вестБрат и сестра обвинети за напад и повредување на полицаец
Следна вестПендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ дека е вазал на Заев