Шилегов: Ако општина Чаир не ја урне дивоградбата кај „Мавровка“ да се вклучи и Државен градежен инспекторат

Општина Чаир треба да најде начин да ја урне бетонската дивоградба кај тргговскиот центар „Мавровка“ а во тоа може да се вклучи и Државен градежен инспекторат, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање за овој случај тој рече дека Градот Скопје како институција веќе го има повлечено институционалниот потег со тоа што го обелодени проблемот, сега е на општина Чаир да најде решение за дивоградбата.

-Јас на неколку наврати кажав дека Градот го обелодени и го институционализираше проблемот со дивоградбата на Мавровка. Останува на Општина Чаир да изнајде начин и модалитет за рушење на дивоградбата а зошто да не на крајот на денот и Државниот градежен инспекторат да преземе определени активности и ингеренции со кои би дошло до отстранување на тој објект, рече Шилегов.

Според него, за да не дојде во иднина до вакви случаи градежните инспектори треба да се префрлат во Градот, односно општините да ги издаваат градежните дозволи, а Град Скопје да ги инспекторира градбите.

-Тоа е концепт кој ќе спречи дивеење низ градот, рече Шилегов.

Претходна вестВо камион натовариле 70 мигранти, полицијата ги откри кај Неготино
Следна вестКолку чини спомен плочата за Мајка Тереза и чија идеја е?