Шилегов го разреши директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје

Со кусо известување објавено на неговата Фејсбук страница скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го разреши Сенад Смаиловиќ од функцијата директор на градското ЈП „Улици и патишта“.

-Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, се наведува во објавата на Шилегов.

Кои се причините за смената, Шилегов не наведе. Медиумите деновиве објавија дека Смаиловиќ, кој за диркетор беше именуван во ноември 2017 година, неодамна бил фатен од страна на полицијата со дрогата – кокаин.

Во полициското соопштение од 16 август годинава се наведува дека во Струга на 15 август полициските службеници од слобода го лишиле лицeтo С.С. (33) од Скопје.

– На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.

Претходна вестЗаслужија единица: вака не се подготвува наставен час, а не пак, школска година
Следна вест103 новозаразени лица со вирусот, тројца починати, 187 оздравени