Иако за Град Скопје ќе се борат 12 кандидати, сепак за многумина Петре Шилегов и Данела Арсовска се сметаат за главни противници – фаворити. Барем од причина што зад нив стојат двете најголеми партии во Македонија
Дека битката меѓу нив ќе биде најжестока, најавија и првите три дена од кампањата, кога двајцата во своите настапи постојано се критикуваат меѓу себе.
Во текот на кампањата не е исклучено тие и да се сретнат на пат кон своите штабови, бидејќи и двајцата се одлучија да ги постават на улицата „Македонија“, на само стотина метри оддалеченост – Шилегов веднаш спроти спомен-куќата на „Мајка Тереза“ во поранешниот угостителски објект „Гнездо“, а Арсовска на стотина метри подолу кон улицата „Даме Груев“.