Шилегов: Не гледам револт кај граѓаните за одењето во Маврово, стартувам со нови работи

Не го гледам револтот кај граѓаните, тоа беше спин на медиумите блиски до опозицијата, е одговорот на скопскиот градоначалник на новинарското прашање за престојот во Маврово во ситуација кога скопјани беа ставени во 80-часовен полициски час.

Тој не одговори конкретно кога точно престојувал во Маврово каде има викендичка и која била причината зошто не останал во градот заедно со граѓаните.

– Ова е целосно и дефинтивно изместување на тезите од страна на опозицијата. Затоа што ниту знаете кога сум заминал, а кога сум се вратил, ниту занaете како овие три месеци јас живеам со моето семејство во смисол на карантините и на нивната изложеност, рече Шилегов на денешната промоција на кружниот тек во општина Чаир.

Според него, очајот или немањето на аргументи да се спротивстават на новите политики кои ги креира градот и на сериозно подобрување на работите, опозицијата за заменува со искривувањето на тезите за тоа каде бил градоачалникот и со кого бил.

-Јас ќе одговарам на тие лажни прозивки со уште поголем ангажман. Допрва стартуваме со новите работи кои и те како ќе го подобрат животот на граѓаните. Кога не можете да најдете забелешка за работата на градоначалникот ќе измислувате теза зошто градоначалникот бил во својата куќа. Но, не се секирајте, брзо ќе ги средиме. Опозицијата е тотално депласирана во Скопје и нема што да бара во овој град. Очигледно е дека разликата во политиките што јас ги креирам во овој град само за последните 2,5 години наспроти 25 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ е толку очигледна што сега јавноста ќе се замара со тоа каде имот имал Шилегов, каде се движел. Депласирано е тоа, рече скопскиот градоначалник.

Претходна вестЦентар со 64 случаи изби на второ место по број на заразени во Скопје – веднаш по Чаир
Следна вестЧулев: МВР во најголем дел ги извршува задачите, но има опструкции